Сокови од цвекло, морков, краставици, спанаќ и разно друго овошје се се повеќе популарни во Калифорнија, каде веќе постојат десецтици барови кои служат вакви пијалоци. Во побогатите квартови, како Санта Моника и Беверли Хилс, ги има на секој агол. А не е ни реткост да се видат минувачи со пластична чаша полна со сок од зеленчук, наместо вообичаеното кафе. Инструкторката по јога Киа Милер, која најмногу сака мешавина од зелка и магдонос, рекла дека соковите се одлични за зголемување на енергијата. Соковите можат да се прават во најразлични комбинации, како што се зелка и цвекло, морков и кокосово или бадемово масло, целер и краставица… И додека некои повремено ги густираат, други редовно ги користат како нов начин на исхрана. Има и такви кои сокови од зеленчук пијат три, седум или 30 дена по ред, без внесување на цврста храна, како би го прочистиле организмот.

Цедениот зеленчук се почесто се користи и во диетите за слабеење. За пет дена на овој начин можно да се ослабе и до десет килограми. Еден редовен корисник на диета со зеленчук рекол дека имате повеќе енергија и подобро спиете. Благодарение на овие сокови се чувствувал помлад отколку кога имал 17 години. Додал дека овие напитоци станале вистински тренд. Во јули, списанието Барон ја проценил на пет милијарди долари индустријата за сокови од зеленчук во САД, со годишен раст помеѓу четири и осум проценти. Според тоа списание, во САД моментално постојат 6200 локали во кои се служат сокови од зеленчук. Најмногу има во Лос Анџелес и Њујорк, но се повеќе се отвараат и во другите градови ширум земјата.