Една победа , едно реми и два порази за македонскиот првак Ренова, на првиот дел од подготовките во Охрид.  “Гипсарите“ го совладаа Напредок со 1-0, ремизираа со Хајдук Кула 1-1, а претпреа порази од Јавор 2-0 и Охрид 3-2.


Стратегот на клупата на тетовци Билбил Соколи смета дека најголемиот проблем е дисциплината на играчите во исполнвањето на тактичките замисли. 

–  Ќе ни треба повеќе време за да тоа го имплементираме тоа на терен. Мислам дека сме на добар пат да составиме добар тим, но далеку сме од вистнската форма и игра но до стартот на шампионатот има уште време и ќе ги остраниме сите аномалии –смета Соколи.


Соколи кој бара железна дисциплина, потенцираше дека на подоготвките во Охрид ги увидел слабостите на тимот кои испливаа на површина и дека има јасна престава како да се  отсртнат тие недостатоци. Тој најави дека нема да има попуст за никого.

–    Мора да се почитува дисциплината, таа е клучниот фактор кој ќе ни ги донесе резултатите – заврши Соколи.

Ренова во нареднатата седмица во Тетово ќе одработи неколку тренинзи, а  наредниот викенд повторно се враќа во Охрид каде преку тест средби ќе следи глазурата на формата.

М.П.