Познатата охридска компанија „АСП ПАК“ уште еднаш покажа хуманост и висока општествена одговорност, обезбедувајќи значајна помош за народот во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес што на 6 февруари срамни со земја цели градови и села на југот од Турција и Сирија.

Компанијата донираше шлепер вода за пиење, кој по спроведување на неопходните процедури, со транспорт на „Јаја Експрес“ е доставен до хуманитарен пункт во Турција, од каде ќе биде распределен до погодените подрачја. – истакна Спасе Спасески од компанијата „АСП ПАК“.

Властите пред два дена ја прекинаа потрагата по преживеани во земјотресот во Турција, но милиони граѓани и натаму се соочуваат со предизвоци. Освен што останаа без домови, преживеаните се соочуваат со недостаток на неопходни средства за живот. Сепак, помош продолжува да пристигнува од сите на страни на светот, а голема солидарност покажаа и граѓаните на Охрид.

Покрај пратката на „АСП ПАК“, за Турција и Сирија деновиве беа испратени три камиони со  храна, вода, облека, хигиенски средства, кебиња, покривачи, детски пелени и друга помош, што беа собрани во хуманитарната акција што ја организираше Младинското волонтерско здружение на Турците ТГА, подржужница Охрид. Градот Охрид на седница на советот интервентно донираше 600 000 денари, а охриѓани партиципираа и во големата донаторска акција што се спроведе во државата на специјалните телефони на мобилните оператори, во која беа собрани над 35 милиони денари.

Г.М.