Викендов, Скопје беше домаќин на вториот по ред меѓународен боксерски турнир “Арена куп” во организација на боксерскиот клуб “Чаир” од Скопје. На овој турнир учество зедоа и тројца боксери од охридскиот боксерски клуб “Алексо Огненовски”.

Во категоријата кадети до 42 килограми за oхриѓани настапи Петар Трајчески кој беше поразен 1:2 од Фејзи Демиров.

Во категоријата јуниори до 63 килограми Димитар Ѓорески беше супериорен против Леонид Симонов додека во категоријата до 67 килограми младинци, Наум Стојаноски со прекин во третата рунда го совлада противникот од екипата на “Шкендија но лимит”, Рион Бајрами.

На крајот од турнирот при изборот на најдобрите, Димитар Ѓорески беше избран за најдобар техничар на “Арена куп 2024”.

Следниот викенд охриѓани патуваат за Драч, Албанија, каде ќе настапат во натпреварите од шестото коло од “Опен балкан” купот.

OhridNews