Теквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец-Охрид освои осум одличја на Меѓународниот теквондо ИТФ турнир кој се одржа во бугарскиот град Перник. Охридскиот клуб настапи со десет натпреварувачи од кои пет беа дебитанти и прв излегоа на мегдан надвор од македонските граници.

Еден од осумте медали е со златен сјај а се закити Јохан Парулески кој во финалето успешно се справи со сите предизвици. Елена Јанеска се искачи на второто место на пиедесталот и ја продолжи жетвата на медали од меѓународните турнири. Со сребрен медал охридскиот клуб го збогати Марио Крстески.

Од клубот искажаа голема благодарност до генералниот спонзор ПН Метал, кој е ветар во грб на теквондистите во остварувањето на успесите.

Освојувачи на медали:

Јохан Парулески – 1 место    категорија деца  8-9 год. -50 кг

Елена Јанеска – 2 место    категорија кадетки 12-13 год. +60 кг

Марио Крстески – 2 место   категорија јуниори   14-15 год. -50 кг

Никола Балчески – 3 место   категорија јуниори   14-15 год. -50 кг

Христијана Парулеска – 3  место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг

Софија Колушоска – 3  место категорија кадетки 10-11 год. -35 кг

Михаил Јоноски – 3 место    категорија кадети 12-13 год. -50 кг

Давид Велковски – 3 место   категорија јуниори   16-17 год. -69 кг

OhridNews