Четири победи во исто толку одиграни натпревари е исходот на Оле Гунар Солскјаер откако го презеде кормилото на клупата од Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ четвртата победа во серија ја извојуваа на „Сент Џејмс Парк“ стадионот совладувајќи го домаќинот Њукасл со 2-0.
- Треба да бидеме среќни со четирите победи во серија. Во победата над Њукасл направивме добра работа што ја зачувавме нашата мрежа. Бевме бавни во првото полувреме, но ја контролиравме играта и покажавме дека со концетриран пристап може да се надополни дефицитот. Во вториот дел уфрливме брзина погоре, измените донесоа своевиден квалитет и заслужено се радувавме на крајот од натпреварот. – потенцираше Солскјаер.
Норвежанецот не штедеше пофални зборови за Маркус Рашфорд кој во првиот погодок учествуваше, а вториот го постигна после асистенција на Алексис Санчез.
- Тој има удар како Роналдо и ми се допаѓа што го искористи. Исто така да се пофали неговата завршница за вториот погодок која наликуваше на голем мајстор, а има само 21 година. – додаде менаџерот на „црвените ѓаволи“.
Во англиската Премиер лига следува пауза од десеттина дена, а во меѓувреме ќе се одиграат мечевите од Лига и ФА Купот.
OhridNews