Манчестер Јунајтед во најскоро време ќе го назначи Оле гунар Солсјкаер за пернаментен менаџер и ќе ги реши дилемите околу иднината на норвешкиот стручњак и позицијата тренер на Олд Трафорд.

Клупската легенда го препороди составот на Манчестер Јунајтед по презамањето на кормилот од Жозе Мурињо на средината од декември месец минатата година. „Црвените ѓаволи“ се вратија во игра за пласман на првите четири места на табелата во Премиер лигата и го елиминираа Пари Сент Жермен во 1/8 финалето.

Резултатите, довербата во играчите и навивачите му одат во прилог на Норвежанецот кој за кратко време стана омилен лик на Олд Трафорд. Манчестер Јунајтед репрезентативната пауза ќе ја искористи да го промовира Солскјаер за нов менаџер.

Норвежанецот ќе добие четиригодишен договор. Молде, клубот од каде дојде Солскјаер ќе добие оштета од осум милиони фунти.

OhridNews