На средбата со англиските медиуми пред саботниот меч со Брајтон на Олд Трафорд менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Соскјаер одвои неколку минути да го пофали претходниот предводник на клубот Жозе Мурињо. Португалецот во своето прво интервју после отказот од Манчестер Јунајтед изјави дека нема намера да се повлече, туку да се врати во клуб кој е во самиот светски врв.

  • Зошто да се повлечи Мурињо ?  Тој е фантастичен менаџер со големи резултати зад своето име. Сметам дека за кратко време ќе најде ангажман и повторно ќе се врати во фудбалот. – рече Солскјаер.

„Црвените ѓаволи“ под водство на Солскјаер имаат шест победи во низа во Премиер лигата, а мечот со Брајтон на Олд Трафорд ќе биде добра можност да се зголеми серијата.

  • Пред секој натпревар истото го кажувам, а ќе го кажам и сега. Кога сте менаџер или фудбалер на Манчестер Јунајтед единствена мисла треба да биде победа. Имавме шест добри натпревари но оваа сега со Брајтон е многу важна. Во дербито со Тотенхем го положивме тестот меѓутоа нов имаме против Брајтон. Мора да се покажеме во подобро светло и да доминираме во текот на целиот натпревар. – изјави Норвежанецот.

Дефанзивците Крис Смолинг и Маркос Рохо и Маруана Фелаини поради повреди ќе го пропуштат мечот со Брајтон, а во конкуренција за настап ќе се врати Алексис Санчез.

OhridNews