После елиминацијата на Пари Сент Жермен, пред Манчестер Јунајтед стои нов супер предизвик во Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ ќе ги одмерат силите со Барселона која се наоѓа во потесниот круг на фаворити за титулата во најемитното клупско натпреварување во Европа.

Сакаме натпревари со големите тимови. Игравме со Барселона во финалето 2009 и 2011 година и во 1/2 финалето кога Пол Сколс го одлучи победникот. Токму поради ваквите натпревари навивачите живеат и навиваат за клубот. Едвај чекам да се сретне со Барселона и да видиме колкави ни се можностите. Јас размислувам поинаку од останатите тренер. Многу повеќе сакам гостувања како она во Париз и покажување на карактер, отколу играње со релативно послаб противник и на резултат. – изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“, Оле гунар Солскјаер.

На стадионот „Ноу Камп“ во Барселона со погодокот против минхенски Баерн во судиското продолжение пред точно 20 години Солскјаер му ја донесе втората титула на Манчестер Јунајтед во Лигата на Шампиони. Подоцна, „бебињата“ освоија уште една, но ноќта во Барселона се уште буди емоции кај секој симпатизер на Манчестер Јунајтед.

Првиот меч од четвртфиналниот двомеч се игра на Олд Трафорд на 10 април, додека реваншот шест дена подоцна во Барселона.

OhridNews