Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјер на средбата со медиумите пред мечот со Евертон на Гудисон Парк се осврна на својата работа на Олд Трафорд и предизвикот кој го очекува следната сезона. Тој пофали дел од играчите кои импресионирале со ставот, а дел ги опомена.

Многу научив за играчите откако сум тука. Голем дел од нив ме импресионираа со својот став, но еден дел ќе треба да видат каде точно се наоѓаат и да се соочат со реалноста. Повеќето знаат дека ќе напредуваат само ако работат напорно на тренинзите. Разговарав со управата околу трансферите, мора да бидеме реални и не чека полни раце работа. Не може ништо брзо да се промени и не може да се купат седум фудбалери и да се состави екипа. Скаутираме фудбалери по целиот свет и ќе треба да ги одбериме оние кои ни одговараат најмногу во нашата филозофија. –изјави Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ во последните пет рунди од Премиер лигата ќе се борат четвртата позиција на табелата. Моментално, избраниците на Солскјер се наоѓаат на шестото место со два бодови помалку од Арсенал кој е четвртопласиран.

OhridNews