Стадионот Ноу Камп, буди убави спомени кај менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле гунар Солскјер и навивачите на славниот англискиот клуб. Во Барселона, пред точно 20 години, Манчестер Јунајтед со погодокот на сегашниот менаџер во судиското продолжение го совлада Баерн Минхен со 2-1 и стигна до втората од трите титули во ЛШ. Сепак, Солскјер смета дека тој меч не треба да биде инспирација за „ѓаволите“ кои со негатива од еден погодок (1-0) патуваат на мегдан со Барселона во реваншот од 1/4 финалето.

  • Не сакам да се враќам на тој меч, тогаш Баерн ни беше противник. – одговори Солскјер на прашањето за магичната ноќ пред 20 години и додаде – Мотивацијата треба да ја бараме во победите над Пари Сент Жермен и Јувентус, кои во своите редови имаат врни фудбалери, а не во тој дуел со Баерн Минхен. Сигурен сум дека моите фудбалери сонуваат и можат да направат пресврт на Ноу Камп. 

На фудбалерите од Манчестер Јунајтед потребна им е победа со два постигнати погодоци за сигурен пласман понатаму, додека на Барселона и одговара и реми. Натпреварот на Ноу Камп се игра во вторник со почеток во 21 часот.

OhridNews