Книгата “Солзи полни насмевки” од македонската поетеса Елизабета Петровска,  која живее и работи во Хрватска е добитник на наградатата “Стојан Христов” на овогодинешните Струшки вечери на поезијата.

Оваа награда, се воведува за прв пат оваа година како призние за  најдобра книга од македонски автор од дијаспората. Конкурсот за нејзино доделување ги распиша Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, а жирито на Струшките вечери на поезјата одлучи кој да ја понесе оваа награда.

-Внатрешната архитектиура на песните во “Солзи полни насмевки”, одаваат впечаток на длабока чувствителност, изнијансиран избор на метафорични и асоцијативни фигури, кои преку витален и поетски занес откриваат еден нов поетски свет со стилски посебности. –велат членовите на  жирито.  

Тие се уверени дека со оваа книга поетското творештво на македонската дијаспора добива една уште еден посветник на магијата на поетското писмо, кој со својот творечки подвиг го крева и крепи македонското самочувство и творечката потенција на Македонски јазик.   

Елизабета Петровска, наградата ќе ја прими на Струшките вечери на поезијата, на 21 август на Матинето кај Манастирот во Калишта.

Е.Е.