СВР Охрид поднесе кривична пријава против вработен во правна служба во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина во општината Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “злоупотреба на службената положба и овластувањето”.
Тој се сомничи дека со неизвршување на својата службена должност незаконски изготвил и потпишал Урбанистичка согласност за бесправен објект. Исто така изготвил и Решение за утврдување на правен статус на бесправен објект со што на лице од Охрид му овозможил корист и стекнување со правосилно решение за утврдување на правен статус на бесправен објект на штета на едно општинско средно училиште, информираат од полицијата.
OhridNews