Загрижувачки информации за можни малверзации на натреварите на охридскиот фудбалски второлигаш кружат во јавноста, предупредува Локалната самоуправа, која најави дека ќе го преиспита својот однос кон клубот на кој градот му помага во обезбедување услови и средства за функционирање и натпреварување.
Градоначалникот Петрески вели дека е непријатно изненаден од таквите гласини, кои доколку се обистинат, ќе му нанесат сериозен удар на угледот на охридскиот фудбал и воопшто на градот. Тој истакна дека општината сериозно ќе го преиспита односот кон ФК Охрид, затоа што не сака да биде инволвирана во заткулисни игри кои немаат ништо заедничко со спортот. Петрески очекува надлежните институции и спортски асоцијации да ги испитаат гласините за наводни манипулации поврзани со обложување. Доколку, сомнежите се потврдат, градоначалникот најави дека општината ќе ги прекине сите односи со ФК Охрид до целосно расчистување на евентуалниот случај, и дека за се ќе бидат информирани УЕФА и ФИФА.
Инаку, ФК Охрид во последниот натпревар пред својата публика во есенскиот дел од шампионатот во Втората лига, кој наместо во вообичаен термин во викенд, се одигра вчера, загуби на домашен терен од Новаци со 1:4.
Четири натпревари и дури 35 погодоци ја одбележаа синоќешната програма на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Најефикасна беше пресметката меѓу Охридски бисер Филев...
Со четири натпревари вечерва продолжуваат возбудувањата на 28 издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино За разлика од претходните натпреварувачки денови, недел...
ГРК Охрид со пехар го заокружи настапот на 54 Меѓународен ракометен турнир во Струга Охриѓани во финалето го совладаа Вардар 1961 и го одбранија трофејот освоен минатата година По завршувањето на ф...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.