Според прогнозите, времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево и студено. Температурата ќе се движи од минус еден до минус 10, а дневната од еден до три степени.
Во текот на утрешниот ден ќе се задржи стабилно, суво и студено време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -12 степени.
Во понеделник попладне и во ноќните часови кон вторник ќе има локален снег со слаб интензитет. Од вторник ќе има постепен пораст како на утринските, така и на дневните температури.
OhridNews