Убавото време на празникот Божиќ многумина во Охрид го искористија за прошетка на свеж воздух покрај Езерото.

Иако Божиќ е празник кој се одбележува во кругот на семејството, пред традиционалниот ручек во домашна атмосфера, охриѓани најдоа време да поуживаат во сончевиот ден.

Пријатно време не очекува и утре. Во утринските часови во одредени котлини можна е појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната дневна ќе достигне до 10 степени.

Г.М.