Утрово во Охрид се измерени  15 степени. Во текот на ноќта времето беше променливо облачно понекаде со слаб локален дожд. Утрово е сончево со мала, а во североисточните делови со умерена облачност.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. UV=6

Во Охрид сончево, до умерено облачно со максималната температура до 27 степени.

OhridNews