Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура во интервал од 14 до 20 степени, а максималната од 33 до 39 степени со УВ-индекс 9, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Охрид сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 33 степени.
УХМР најавува дека до утре ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. В недела и в понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.
OhridNews