Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 28 степени.

Сончеви и многу топло време ќе преовладува во текот на продолжениот празничен викенд. Минималната температура ќе се движи во интервал од 10 до 20 степени, а дневната од 29 до 38 степени Целзиусови.

Г.М.