Во утринските часови по одделни котлини има појава на магла или ниска облачност, особено во западните делови на земјата. Преку денот времето ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 12 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со повисоки дневните температури, а значително повисоки температури за овој дел од годината ќе има на планините во утре и во вторник. Во следните денови во утринските часови понекаде во котлините ќе се задржи умерено облачно и магливо, што ќе услови пониски дневни температури, информира УХМР.

OhridNews