Поради спуштање на постудена воздушна маса од север проследена со умерен, повремено засилен северозападен ветер во следните денови дневната температура ќе се намали за неколку степени.
Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во попладневните часови, на места ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ=8

Од сабота следува период на претежно стабилно време, освен во понеделник кога се очекува појава на нестабилност проследена со краткотраен локален дожд.
OhridNews












