Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 24 степени.
Во понеделник не очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 8 степени, а максималната ќе достигне 22 степени Целзиусови.
Г.М.