Според прогнозите на синоптичарите, сончевото и потопло време ќе се задржи и во текот на утрешниот ден кога максималната температура во Охрид се очекува да се искачи до 13- тиот степен целзиусов.

За во недела  се предвидува облачно и ветровито време со повремени врнежи од дожд, кои попладне и кон крајот на денот на планините и повисоките места ќе преминат во снег, при што се очекува и намалување на температурата на воздухот.Максималната температура во Охрид во недела ќе биде 9 степени, а минималната -3. Променливо и студено време, со локален снег претпладне се очекува и во понеделник. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

OhridNews