Времето денеска претпладне претежно сончево, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Попладне и особено на северозапад ќе има услови за краткотрајна нестабилност. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 22 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.
Во сабота ќе преовладива променливо облачно време со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Во недела ќе биде претежно облачно со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, а претежно во западните делови ќе има услови за појава на слаб локален дожд. За време на викендот температурата ќе се движи до 24 степени.
OhridNews












