Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 18 степени.
Во понеделник не очекува променливо облачно време, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне 18 степени.
Г.М.












