Утрово е магловите по котлините. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Максималната температура во Охрид че достигне 16 степени.

Во понеделник наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Од вторник и во наредните денови ќе преовладива претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во северните делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 3 до 12 степени, а дневната од 12 до 19 степени.

Г.М.