Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -4, а максималната ќе достигне од -2 до 7 степени.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до – 10, а максималната ќе достигне нула степени.

Како што соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи, во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно и студено време. Минималните температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

OhridNews