Сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег.

Во Охрид времето денес сончево и студено со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Максималната температура до 1 степен. Утринава измерени -4 степени.

Утре и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени. Од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе бидат во пораст.

OhridNews