Времето денеска ќе биде сончево и студено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 4 степени.
Во сабота ќе има зголемување на облачноста, а во северните делови и на планините ќе има повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела следува период на стабилно и суво време, од понеделник со значителен пораст на дневните температури, информира УХМР Македонија.
OhridNews












