Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне 29 степени.

Во понеделник не очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура во Охрид ќе се спушти до 14 степени, а максималната ќе достигне 26 степени.

Г.М.