Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Максималната температура во Охрид ќе достигне 30 степени, а УВ индексот ќе изнесува 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во вторник ќе преовладува сончево и малку посвежо време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Во Охридскиот регион минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне 27.
OhridNews












