Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во северозападните и североисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе биде 8, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Охрид времето ќе биде сончево со мала облачност. Максималната дневна температура ќе достигне до 34 степени, информираат од УХМР.

Следи период на сончево и топло време. Развој на нестабилност се очекува за време на викендот кога на места е можна појава и на невреме.

OhridNews