Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови од земјата повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.

Во Охрид сончево и топло време со мала облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 30 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните два дена времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината. Во недела ќе настапи поголема промена на времето, кога под влијание на влажен бран се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени. Дополнително опаѓање на температурите ќе има и од понеделник.

OhridNews