Сончево и топло време денес со мала до умерена облачност најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Во петок ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.
OhridNews













