Времето денеска ќе биде сончево, во источните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната од 29 до 36 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Охрид сончево со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени.

Од утре до недела подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на топол бран и во поголем дел ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. Дневната температура на места ќе надминува 40 степени. И во Скопското подрачје, дневната температура ќе биде околу 40 степени.

Во недела кон крајот на денот ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи, а од понеделник ќе има благ пад на дневната температура.

OhridNews