Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, поголема во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието. Максиманата температура ќе достигне до 22 степени, а во Охридскиот регион до 17 степени Целзиусови, информира УХМР Македонија.
Во вторник и средда ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност, а дневната температура ќе биде во пораст. Дестабилизиација на времето се очекува во четврток во попладневните часови, за кога се најавуваат локални врнежи. Пообилни врнежи од дожд ќе има во петок.
OhridNews












