Денес времето претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.
Во Охрид сончево и топло со мала до умерена облачност и максимална температура до 34 степени.
Во новата работна седмица ќе биде сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови, информира УХМР.
Г.М.











