Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Охрид сончево и топло. Ќе дува умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.

До четврток ќе се задржи сончево и многу топло време, а најтопло ќе биде во среда кога дневната температура наместа ќе достигнува до 40 степени. Промена на времето со локален пороен дожд, грмежи и пад на температурата се очекува во петок.

OhridNews