Времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степена. УВ=8.

Во Охрид сончево време, температурата ќе се движи од 15, до максимални 30 степени.

Од утре до вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд со грмежи и засилен ветер, а во четврток претежно во планините ќе има услови за краткотраен дожд.

 

OhridNews