Времето денеска претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 30 степени.
И во петок не очекува сончево и топло време. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
За време на викендот се очекува дестабилизација на времето. Претпладне ќе биде сончево до умерено облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Г.М.