Од УХМР информираат дека утре ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе провејува снег. Минималната температура во Охрид ќе биде -7, а максималната до 4 степени.

Во сабота се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во недела ќе дува слаб ветар од јужна страна.

За време на викендот минималната температура во Охрид ќе биде од -6 до -3, а максималната од 2 до 4 степени.

OhridNews