Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. УВ индексот ќе биде 7.
Во Охрид слично време, со температура од 13 до 26 степени.
Како што соопшти УХМР, од денеска ќе биде претежно стабилно и сончево со слаб до умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе засилува в среда и четврток. Во среда ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд проследен со ветер. Во овие денови наутро, особено во посеверните делови ќе биде посвежо.
Минималната температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а максималната од 24 до 34 степени.
OhridNews













