Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, поголема во западните делови каде ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Охрид сончево со мала до умерена локална облачност и услови за слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Следува период на променливо облачно време. Локални врнежи од дожд со променлив интензитет се очекуваат во вторник и во петок, соопшти УХМР.

OhridNews