Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Охрид максимапната температура ќе достигне до 27 степени.
Од УХМР најавија дека во деновите од викендот времето во попладневните часови ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи особено во сабота кога ќе има и појава на локално невреме. Во почетокот на следната седмица ќе настапи преодно стабилизирање на времето.
OhridNews