Времето утре изутрина ќе биде студено, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот ќе сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Минималмнната ќе се спушти до -1, а максималната температура ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини, каде и дневните температури ќе бидат пониски. За време на викендот температурите ќе бидат во пораст за неколку степени, велат од УХМР.
OhridNews