Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини во утринските часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Максималните температури ќе бидат во интервал од 11 до 16 степени.
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Во текот на оваа седмица ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по одделни котлини со променлив интензитет. Утре ќе има зголемена облачност и услови за локален слаб дожд.
OhridNews