Наутро со слаб локален снег претежно на североистокот, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува, велат од УХМР.

Во Охрид времето денес сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе се искачи до 5 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и студено, во сабота со повремени врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (над 80 км/час). Студено време ќе се задржи и во текот на следната седмица, со минимални температури и под -10 степени, а на места и дневните ќе бидат под нула.

OhridNews