Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има локално наоблачување со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната од 18 до 23 степени.

Во Охрид сончево со мала до умерена облчаност. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 18 степен.

Утре ќе се задржи топло и стабилно време. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег. Во вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски температури.

OhridNews