Времето утрово ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Ќе дува засилен до силен северен ветер, наместа со брзина и над 80 км/час. На планините претежно во западните делови повремено ќе провејува снег. Во следните денови се очекува стабилно време. Утринските температури во четврток во повеќе места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.

OhridNews