Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Во Охрид сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 12 степени.
УХМР за утре најавува врнежи од дожд, на места пообилни ид над 20 литри на метар квадратен. На планините врнежите ќе бидат од снег. Повремени врнежи од дожд ќе има и в понеделник.
OhridNews